Ова е трик по кој ќе ги намалите расправиите со партнерот?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Речиси да нема пар кој никогаш во животот не се скарал. И нема ништо лошо во расправиите ако се конструктивни. Проблемот е, сепак, што често се расправаме во „празно“ со што трошиме енергија и го расипуваме односот.

Др. Ејми Гордон вели дека постои една работа која ќе ни помогне помалку да се расправаме со партнерот. Рапсравијата укажува на проблем меѓу партнерите, но често на тоа дали расправаата воопшто ќе избие и ќе влијаат гладтта, заморот и жедтта. Како и да размислуваме, не можеме да избегнеме некои од основните потреби, затоа Гордон советува прво да одговорите на овие пет прашања:

1. Дали сте утрински или ноќен тип на личност?

2. Дали вашиот партнер е утрински или ноќен тип?

3. Кога ќе се сетите на најлошите расправии, дали приметувате дека се случиле во одредена доба од денот или на одредено место?

4. Кога ќе се сетите на најпродуктивните расправии, дали тие се случиле во одредена доба од денот или на одредено место?

5. Дали подобро се чувствувате кога се расправате штом настане проблем или кога ќе почекате да се стишат страстите? Што за тоа мисли вашиот партнер?

Еднаш кога ќе сфатите дека веројатноста расправиите да се претворат во бура, можете да спречите таквото сценарио да се повторува, вели Гордон. На пример, ако сте нервозни наутро, нема да дозволите себеси штом отворите очи да влезете во расправа со партнерот околу необјасниве судови, туку ќе почекате да дојде ноќта.

Ако сте пак, постојано нервозни, обидете се да го установите времето за расправии. Звучи смешно, но Гордон тврди дека „работи“. Бидејќи ако знаете дека постои време кога ќе се расчистат работите со партнерот, помала е веројатноста да пукнете поради ситници.