„Ова е нашето прво пиво“:Сефте алкохолен пијалок од Кока Кола – и тоа за жени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Својот прв револуционерен алкохолен пијалок гигантот Кока-Кола го лансира во Јапонија. Станува збор за алкохолен производ со вкус на лимон, обидувајќи се да го искористи потенцијалот на новите пазари и новите потрошувачи.

Овој производ има за цел да ги освои пред сè младите кои сакаат да пијат, особено жените, нарекувајќи го овој производ единствен во својата долга 125 годишна историја. Откако постои Кока-Кола на пазарот за првпат понуди три нови пијалаци кои содржат од 3 до 8 отсто алкохол.

Како што сме навикнати, Кока Кола и овој рецепт внимателно го чува, а пијалокот е прилагоден за љубителите на алкохолни пијалоци на јапонскиот пазар и претставува еден вид алтернатива на пиво, поради што токму жените се во фокусот како главни потрошувачи.

Компанијата соопштила дека нема намера да го продава новиот пијалак на пазарите надвор од Јапонија.