Ова е клучот на семејните вредности: Еве што НЕ ТРЕБА да прави секој еден родител?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Родителството е една од најтешките животни задачи и невозможно е да се исполни совршено. Еве неколку работи кои, во секојдневното брзање, можат лесно да се исполнат.

1. Очекуваме од децата нешто за што се уште не се подготвени

Бараме од новороденче да биде тивко, од двегодишно дете мирно да седи, а од четиригодишно само да ја среди собата. Во сите овие ситуации сме нереални- родителите понекогаш очекуваат од своите деца нешто што и на постарите деца би им било тешко.

2. Се лутиме ако детето не ги задоволува нашите потреби

Детето го може само она што го може. Ако не може да го направи она што го бараме, нереално е да очекуваме и бараме повеќе, а лутината само ги прави полоши работите. Постојат граници на детските можности, а ако не ги прифатиме тие граници, се фрустрираме себеси и децата.

3. Не веруваме во мотивите на децата

Ако детето не ги задоволува нашите потреби, веднаш претпоставуваме дека предизвикува. Би требало наместо тоа да се ставиме во кожа на детето и да ги согледаме ситуациите од нивна визуелизација за да утврдиме вистината. Пркосно дете можеби е болно, уморно или гладно…

4. Не дозволуваме на децата да бидат деца

Забораваме како ни било нам додека сме биле деца. Секако дека здраво дете ќе биде поживо.

5. Обратно ги поставуваме работите

Наместо да ја прифатиме родителската улога и да му удоволиме на детето, очекуваме тоа да ни удоволи нам. Понекогаш сме толку фокусирани на своите незадоволени потреби, и фрустрирани што потполно забораваме дека детето има и свои потреби.

6. Критикуваме кога детето ќе погреши

Децата имаат мало искуство во животот, неминовно е да грешат. Грешките се природен начин на учење. Наместо да го разбереме детето и да му помогнеме, го критикуваме.

7. Забораваме колку критиките можат да го повредат детето

Многумина сфаќаат дека е лошо и штетно физички да се казни детето, но многумина збораваат дека болат и зборовите.

8. Забораваме колку исполнително делуваат постапките полни љубов

Запаѓаме во зацртан круг на виновник и лошо однесување, наместо на детето да му пружиме љубов, потврда и смирување, самопочит и сгируност низ прегратки и убави зборови.

9. Забораваме дека нашето однесување е најдобар пример за детето

Децата учат од примерот, а не од она што зборуваме. Родителот кој го удира своето дете бидејќи некого удрило и му каже дека тоа е лошо, всушност го учи детето дека удирањето е добро за оние кои имаат моќ. Родителот кој на проблемите одговара со мирно решение го учи детето како да стане добра личност.

10. Го гледаме само надворешното однесувањее

Кога ќе не разочара однесувањето на детето, би требало повеќе од било кога да го претпоставите најдоброто. Би требало да веруваме дека детето мисли добро и се однесува најдобро што може во одредени услови, а во склад со количината искуства во животот.

Ако секогаш претпоставуваме најдобро за своето дете, тоа ќе биде слободно и ќе направи се најдобро што може. Ако даваме љубов, љубов и ќе добиеме.