Home Спорт Откритието од Мундијалот преговара со Барселона

Откритието од Мундијалот преговара со Барселона

Францускиот репрезентатувец Бенџамин Павар беше најголемо откритие на последното Светско првенство и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека агентот на Павар почнал преговори со Барселона. Имено, десниот бек во договорот со Штутгарт има откупна клаузула од 35 милиони евра, која се активира следното лето.

Павар беше поврзуван со трансфер во Баерн Минхен, но самиот фудбалер негираше дека имал контакт со Баварците.

Барселона во него гледа долгорочно решение за десната бековска позиција и веќе започнале преговори со агентот.

За Каталонците нема да претставува никаков проблем да ја платат сумата од 35 милиони евра следното лето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…