Home Спорт Откриена минималната сума за која Абрамович е спремен да го продаде Челзи

Откриена минималната сума за која Абрамович е спремен да го продаде Челзи

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович ќе настојува да добие барем 2,5 милијарди фунти од потенцијалниот купувач на клубот, тврди денешното издание на „Тајмс“.

Викендов се појавија информации дека рускиот олигарх планира да се раздели со лондонскиот клуб, но подоцна тие вести беа демантирани од претставници на клубот.

Меѓутоа, угладниот „Тајмс“ е сигурен дека Абрамович е спремен да го продаде Челзи, доколку пристигне добра понуда. Во моментов тој не бара активно купувачи, но е спремен да седне на преговарачка маса.

Во мај Велика Британија наложи политички санкции за Русија, кое силно се одрази на руските граѓани во Англија. Тоа беше и причината да биде запрена планираната изградба на нов стадион, кој требаше да чини 500 милиони фунти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…