Home Актуелно Откриен идентитетот на напаѓачот на муслимански верници пред џамијата во Лондон

Откриен идентитетот на напаѓачот на муслимански верници пред џамијата во Лондон

Напаѓачот врз групата муслимански верници, во северен Лондон, е Дарен Озборн, роден во Велс.

Според лондонските медиуми, Озборн кој е уапсен набргу по нападот, има 47 години и е татко на четири деца.

Британскиот заменик министер за внатрешни работи Бен Валас кој е раководител на безбедносниот сектор во Хоум Офисот, изјави вечерва дека Озборн не им бил познат на безбедносните власти и дека во овој свој терористички напад, најверојатно дејствувал сосема сам“.

Тој беше уапсен и осомничен за тероризам, отакко со своето комби возило , намерно удрил, во група муслимани кои излегле од џамијата во лондонскиот кварт Финсбури Парк, по редовната молитва за празникот Рамазан.

Во овој инцидент, едно лице е убиено, а десетина други се повредени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…