Откажана новогодишната прослава во Скопје, средствата ќе бидат донирани


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Се откажува пречекот на Новата 2018 година во Скопје. Средствата ќе бидат донирани. Ова го најави градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Градот. Тој појасни дека парите што биле планирани за организирање на пречекот ќе бидат насочени во добротворни цели на Клиниката за белодробни заболувања.

На расправата за првичните мерки за загадувањето Шилегов истакна дека следејќи ги препораките да не се одржуваат средби на отворено, настанот се откажува и ги повика и спонзорите да ги донираат средствата предвидени за прославата на оваа ноќ во добротворни цели.

„Ќе го повикам главниот спонзор ‘Телеком’ да направиме напори тие средства да завршат таму каде што се најпотребни“ истакна Шилегов.

Ова е вторпат прославата за Нова година да биде откажана откако минатата година раководството на Градот донесе иста одлука.