Home Вебкафе Откако ќе ја запознаете Legends Football лигата, ќе баталите секаков друг спорт

Откако ќе ја запознаете Legends Football лигата, ќе баталите секаков друг спорт

The Legends Football League (LFL) е 7-на-7 играчки американска фудбалска лига чии натпревари се играат на пролет и лето по NBA, NFL, NHL и MLS стадионите и салите. Лигата е основана во 2009 година како Lingerie Football League и беше ребрендирана како The Legends Football League во 2013 година. Основачот на лигата и извршниот директор, Мичел С. Мортаза и административните канцеларии на лигата се лоцирани во Лос Анџелес.

Концептот за LFL потекнува од алтернативниот Super Bowl полувременски телевизиски „специјал“ наречен Lingerie Bowl, опозит на полувременскиот спектакл кој се емитува на Super Bowl. Многу од тимовите се тренирани и водени од бивши NFL играчи и тренери кои веќе се добро познати во нивните градови.

Многу од играчките имаат спортско минато од натпреварувачки атлетски дисциплини во колеџ и полупрофесионалните лиги, како и други спортови од типот на тенис, одбојка, софтбол, сокер, кошарка, фитнес и бодибилдинг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летна еуфорија – Зошто летото нè прави толку среќни? Науката има одговор!

Летото. Море, сонце, смеа до доцна навечер, солена коса и топол песок под стапалата – не е…