Home Спорт Островот „гори“: Гвардиола тргнува по Еден Азар

Островот „гори“: Гвардиола тргнува по Еден Азар

Англиските медиуми денес ласнираа бомбастична вест и тврдат дека првимарна трансфер цел на Манчестер Сити за следната сезона ќе биде ѕвездата на Челзи, Еден Азар.

Манчестер Сити не успеа да го донесе Алексис Санчез во зимскиот преоден рок, па Гвардиола за следната сезона го сака еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, Еден Азар.

Еден Азар веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид и поради тоа одбива да го продолжи договорот со „сините“. Меѓутоа, Гвардиола ќе се обиде да го убеди Белгиецот да остане во Премиер лигата и да се пресели на „Етихад“.

Тешко е да се поверува дека Челзи ќе дозволи својата најголема ѕвезда да ја продаде на лутиот ривал, но медиумите на Островот тврдат дека „граѓаните“ се спремни да платат неверојатни 150 милиони фунти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…