Осмомартовска временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, осми март, претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаба магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и на места ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 12 Целзиусови степени, Маврово 5, Охрид и Крива Паланка 11, Битола и Кавадарци 13, Берово 10, Дојран 15.

Утре времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневните температури ќе се движат од 4 до 13 степени.