Општина Арачиново ќе градела музеј посветен на УЧК


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибрахими, вели дека едно од неисполнетите изборни ветувања е изградбата на Музејот на УЧК во Арачиново.

Но,според неговите зборови се уште не е избрана локацијата каде што ќе се гради музејот, објави ТВ 21.

– Сè уште не е избрана локацијата на којашто ќе се гради музејот кој за мене претставува приоритет. Тоа е едно од моите ветувања што ги дадов. Музејот на ОНА ќе му припадне на Арачиново, бидејќи токму Арачиново има историја и свој голем придонес за време на војната – изјави Ибрахими.

Тој посочи дека во моментов се разгледуваат две места на коишто би можел да никне музејот. Едното место се гробиштата на паднатите борци, а второто место е објектот на поранешната општина.