Она за кое на Netflix му беа потребни седум години, Disney Plus го направи за пет месеци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако на „стриминг“ гигантот Netflix му беа потребни седум години за да достигне 50 милиони корисници (добро, го имаме во предвид фактот дека тие во многу нешта беа пионери), на Disney Plus тоа му појде од рака за многу, многу побрзо од очекуваното – само пет месеци.

Кога последен пат објавиле извештај за бројот на претплатници, што било во фебруари, Disney Plus имале 26.5 милиони корисници. Од тогаш таа бројка е дуплирана, најверојатно благодарение на тоа што луѓето мораат да поминуваат повеќе време во своите домови.

Оваа стриминг платформа почна да работи пред пет месеци, а како што пишува BBC, целата им била да достигнат помеѓу 60 и 90 милиони корисници до крајот на 2024 година.

Со оглед на тоа дека Disney Plus сè уште не е достапен во многу делови од светот, постојат добри шанси дека оваа цел ќе ја достигнат многу порано од очекуваното, само треба да го прошират пазарот.