Home Живот и здравје Еве колкави се шансите да се заразите со коронавирус преку амбалажа или храна

Еве колкави се шансите да се заразите со коронавирус преку амбалажа или храна

Според научните тврдења на италијанскиот виролог Фабрицио Прелиаско, директор на Институтот Галеази во Милано, дека опасноста од пренесување на зараза со коронавирусот преку храна или амбалажа е многу мал.

„Коронавирусот може да се таложи на прехранбени пакети, но за четири часа ја губи силата. Освен тоа, ниските температури во фрижидерот го блокираат циркулирањето на вирусот, и во некој момент го уништуваат. Истото важи и за високите температури во рерните: 60 степени се доволно да го убијат вирусот“, вели тој.

Тој истакнува дека во однос на храната и амбалажата нема поголеми ризици од останатите ситуации: чистењето мора да се изврши првалино и внимателно.

„Но не можеме сè да дезинфицираме“, вели Прелиаско и истакнува дека правилата остануваат исти, а тоа значи дека е неопходно да се мијат рацете и никогаш да не се ставаат во уста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Кози-максинг: Може ли еден тренд навистина да ти помогне да го совладаш стресот? Изгледа дека може!

Ако во TikTok пребараш „cozymaxxing“, ќе те пречекаат видеа од луѓе замотани во меко ќебе,…