Наместо да ги фрлате, еве како можете да ги искористите корите од лимон, бабана и јаболко

lemon peel on wood background

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со оглед на фактот дека денешното, современо човештво и општество е консумеристички и нерационално потрошувачки настроено во секојдневниот живот, во домовите остануваат големи количества на остатоци од храна која се разбира не може да се јаде, па токму поради тоа, таа завршува во канта за отпадоци.

Сепак, за да не фрлате сè, добро е да ги знаете овие трикови со кои можете многу да си го олесните секојдневието а притоа и да заштедите пари.

Кора од лимон

Киселоста која ја има лимонот во својот состав, претставува одлично сретство за избелување, а пак витаминот Ц кој е сконцентриран во ова овошје, го поттикнува производството на колаген. Токму затоа, доколку се соочувате со проблемот на неизбалансиран тен на лицето, кората од искористениот лимон, наместо да ја фрлите во ѓубре искористете ја за козметички цели. Се што треба да правите е неколку денови да ја триете кожата на лицето со кора од лимон. Потемните делови на кожата на лицето комплетно ќе избледат а вашиот тен ќе стане ист по целото лице.

Кора од банана

За вашите чевли да светат како штотуку купени, секојднено полирајте ги со кора од банана.Природните масла кои се содржани во бананата, ќе ви помогнат да го зачувате сјајот на чевлите, особено доколку се направени од кожа.

Кората од бананата можете да ја користите и за белење на забите. Во неа се содржани калиум, калциум, магнезиум, фосфор – соединенија кои помагаат во зацврстувањето на забите. Затоа, еднаш дневно протријте ги забите со кора од банана. Само после неколку денови ќе забележите дека вашите заби се побели за нијанса.

Лушпи од јаболка

Јадете јаболка бидејќи се исклучително здрави. Сепак, складирајте ги и лушпите. Кога ќе успеете да наполните една тегла со лушпи од јаболка, во теглата ставете и вода се до врвот,ставете една лажица шеќер и покријте ја со газа. Оставете ја така да отстои околу 10 дена на темно место. Откако ќе помине тој период, процедете ги лушпите а течноста користете ја како оцет.