Home Актуелно ОН со шокантно предупредување: До 2050 во морињата ќе има повеќе пластика од риби

ОН со шокантно предупредување: До 2050 во морињата ќе има повеќе пластика од риби

Според фрапантните статистички податоци со кои располагаат Обединетите нации, денес 30 проценти од рибите во светските води веќе се отруени со пластика, а до 2050 година во морињата ќе има повеќе пластика отколку риби.

Според проценките на американскиот завод за заштита на животната средина, светската потрошувачка на пластични кеси го достигнала годишното ниво до 1.000 милијарди парчиња.

Природата го плаќа највисокиот данок, затоа што преостанатите 99 отсто ги загадуваат морињата, реките и езерата, ветерот ги разнесува по копното, канализацијата ги носи во водите.

Десетина илјади китови, птици и желки секоја година умираат поради пластичните кеси во морето.

Многу земји ширум светот сериозно ја сфатија опасноста од пластичните кеси, поради што голем број ги забрани или воведе даноци за нивна употреба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…