Актуелно

Октомвриски пад на индустриското производство за 3,6 насто во однос на лани

Индустриското производство во октомври, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање за 3,6 проценти, а во првите десет месеци годинава во однос на тој период лани има зголемување за 4,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во октомври, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање од 0,8 насто, секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 4,5 насто, а секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има зголемување од 10,5 проценти.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сè, на намаленото производство во производство на прехранбени и тутунски производи, производство на облека, производство на хемикалии и хемиски производи и друго.

Advertisements
To Top