Home Актуелно Охриѓани испаничени спиеја на отворено: Земјотреси го тресат Охрид цела ноќ и утрово

Охриѓани испаничени спиеја на отворено: Земјотреси го тресат Охрид цела ноќ и утрово

Десетина земјотреси од кои најсилниот со магнитуда од 3,4 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во охридското епицентрално подрачје изминатата ноќ.

Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше вчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети. Потоа имаше еден од 4 степени според Рихтер вчера вечерта.

Последниот потрес е регистриран пред околу еден час, со јачина од 2,6 по Рихтер.

Поради потресите многумина охриѓани не се вратија да спијат во домовите, а владее паника кај населението.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…