Сензација на првиот ден од Вимблдон: Вавринка си оди дома!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рускиот тенисер Данил Медведев приреди вистинска сензација на стартот на 131-то издание на Вимблдон. Тој во четири сета го елиминира Стен Вавринка.

Медведев, кој минатата недела стигна до полуфиналето на турнирот во Истборн, каде загуби од Ѓоковиќ, во дуелот со Вавринка доминираше од почетокот до крајот на мечот. Особено доминатан беше во четвртиот сет во кој на Швајцарецот му препушти само еден гем.

Медведев на крајот победи со 6:4, 3:6, 6:4 и 6:1 и прв пат во кариерата успеа да се пласира во второто коло на некој од грен слем турнирите.

За разлика од Вавринка останатите фаворити нема проблеми во првото коло. Убедливи победи во три сета славеа Цонга, Нишикори, Мареј, Надал. Турнирот заврши за Киријос кој поради повреда му го предаде мечот на Ербер.

Цонга го победи Нори со 6:3, 6:2, 6:2, Нишикори беше подобар од Кечинато со 6:2, 6:2, 6:0, Мареј кој ја брани титулата го победи Булик со 6:1, 6:4, 6:2, а Надал го совлада Милман со 6:1, 6:3, 6:2.