„Оган“ скапа: Интелигентна четкичка за заби пуштена во продажба после 6 години испитувања


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Производителот на производи за орална хигиена, Oral-B, ја претстави четкичката iO од серијата 9 која работи со помош на вештачка интелигенција.

„Линеарно магнетно лизгање“ и „Осцилациони, ротирачки движења“ беа фразите што беа користени за да се опише овој уред, но сега знаеме колку чини тоа задоволство – дури 500 фунти.

И покрај високата цена (пакетот не вклучува 16 GB RAM меморија, слушалки или четири камери), производителот инсистира на тоа дека во iO вреди да се инвестира. Тие тврдат дека ја развивале шест години и дека повеќе од 1.800 луѓе минале низ клинички испитувања и дека резултатите се беспрекорни, пишува Engadget.

Исто така, постои компатибилна апликација и вграден дисплеј, кој се користи за активирање на различни режими – четкичката има седум.

Ако ги миете забите и притиснете премногу силно, ќе свети црвено. Ако сте премногу нежни, ќе светне бело. Ако свети зелено – добро е. Ова секако не е прва слична четка за заби, но е најскапа.