Официјално: Со 68 гласа „ЗА“ пратениците ја изгласа одлуката за распишување референдум


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пратениците во македонското Собрание денес, со 68 гласа „ЗА“, ја изгласаа одлуката да се распише референдум за решавање на спорот за името со Грција.. Иницијативата беше поднесена денеска од пратениците од СДСМ, ДУИ и Беса.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 2 амандмани, но не присуствуваа на гласањето, а не гласаше ниту лидерот Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој претходно од говорницата порача дека неговата партија не ја поддржува одлуката за распишувањето на референдумот.

Според одлуката, референдумот ќе биде консултативен, а референдумското прашање ќе гласи: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?.