Властите од овој остров забранија прекувремена работа за магарињата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Властите на идиличниот грчки остров Санторини одлучија да ги заштитат магарињата и мазгите кои по пеколните жештини пренесуваат туристи за атракција по стрмните островски удолници.

На одлуката претходеше конфликт помеѓу активистите за заштита на правата на животните и нивните сопственици. Градските власти во саботата ги објавија резултатите од успешниот состанок на активистите и сопствениците на добитокот за „почитување на правата и општите добра“ на симпатичните животни.

Откако на социјалните мрежи се појави снимка на која еден газда го тепа своето магаре, во петокот беше организиран протест кој заврши со метеж. Кога се смирија страстите, властите објавија низа заштитни мерки во корист на магарињата.

Во иднина, на животните ќе мора да им се обезбеди доволно храна и вода, како и одмор во ладовина и сенка. Исто така, ќе бидат ограничени и работните часови на магарињата, како и носивоста на товар над која не ќе смеат да бидат товарани. Сопствениците на добитокот кои нема да ги почитуваат овие одредби ќе бидат казнувани.

Санторини, кој се издигнува во вулкански кратер стотина метри над морето е познат по своите бели куќарки. Последниве години островот тешко се носи и снаоѓа со сè поголемата навалица од туристи. Властите, поради тоа, воведоа ограничување на бројот на крузери кои можат да се вкотват таму и бројот на пости на островот.