Официјално: Раул Гонзалез нов селектор на Македонија!


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Тренерот на ракометниот шампион Вардар, Раул Гонзлаез ќе биде новиот селектор на македонската машка ракометна репрезентација.

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, за наследник на Лино Червар го избра Раул Гонзалез, кој ќе потпише договор до 2020 година.

Шпанскиот стратег, кој беше единствениот кандидат за селекторското место по заминување на Лино Червар, ќе ја предводи Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство во Хрватска.

„Имам голема доверба во предлогот за новиот селектор. Разговаравме со Раул Гонзалез да биде нов предводник на репрезентацијата до септември 2020 година. Треба да се работи на долги стази, ќе се координираме во секој момент. Сметаме дека Раул е вистинскиот избор. Раул беше коректен и кажа ние да одлучме за должината на договорот. Основна цел е настап на ЕП во Хрватска” изјави претседателот на Федерацијата, Живко Мукаетов.