Home Спорт Официјално: Просинечки нов селектор на БиХ

Официјално: Просинечки нов селектор на БиХ

Роберт Просинечки е нов селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, потврди денес фудбалскиот сојуз на БиХ.

Изборот за нов селектор на БиХ траше неколку месеци и се споменуваа неколку еминентни имиња, а Фудбалскиот сојуз денес и официјално го именуваше Просинечки за нов селектор.

Хрватскиот стратег ќе го наследи Мехмед Баждаревиќ, а главна цел секако ќе биде да ја однесе репрезентацијата на Европско првенство.

Босанските медиуми пренесуваат дека Просинечки месечно ќе заработува 15.000 евра, а во случај на пласман на Европско првенство ќе добие бонус од 300.000 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…