Официјално: Младата сензација од Премиер лигата пристигна на „Енфилд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европскиот шампион Ливерпул ова лето не е многу активен на трансфер пазарот, но се насочува кон млади и перспективни фудбалери.

Денес „црвените“ го потврдија трансферот на 16 годишниот Харви Елиот кого јавноста го запозна минатата сезона. Елиот со само 16 години и 30 дена стана најмладиот играч кој некогаш дебитирал во Премиер лигата кога заигра за тимот на Фулам од каде и се пресели на „Енфилд“.

Младиот Елиот игра на позицијата десно крило, но е поливалентен играч и може да игра на сите позиции во нападот.

Финансиските детали од зделката не се познати, но се претпоставува дека трансферот ќе го чини Ливерпул околу 10 милиони фунти со вклучени бонуси.

Интересно, младиот Елиот веднаш е сврстен во тимот на Клоп за денешниот пријателски меч против Наполи.