Home Спорт Официјално: Кутињо е играч на Баерн Минхен!

Официјално: Кутињо е играч на Баерн Минхен!

Тоа што се најавуваше изминатите денови, денес доби официјална потврда – Филипе Кутињо е играч на Баерн Минхен.

Барселона денес го потврди трансферот на Кутињо, кој во Минхен се сели на едногодишна позајмица со право на откуп.

Баерн на Барселона за едногодишна позајмица ќе и плати 8.5 милиони евра, а ќе ги превземе и трошоците за платата на Кутињо, околу 12 милиони евра.

Ако после позајмицата сакаат да го откупат Бразилецот ќе треба да платат 120 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…