Благодарение на пожарникарите и доброволците Пинтија спасена од пожарот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Благодарение на заложбите и интервенцијата од пожарникарските тимови и доброволците вработени во Општина Кисела Вода, кои вчера се бореа со огнот кој заканувачки се спушташе кон куќите од населбата Пинтија, населбата е спасена од зафаќње од огнените јазици, пренесува Фокус.

Десетина сезонски работници и вработени во Општината заедно со пожарникарите на Противпожарната бригада учествува во неговото гасење.

Во текот на денот од Пожарната во Скопје добија помош и од воздух бидејќи пожарот брзо се ширеше, па беа активирани и авионите на Дирекцијата за Заштита и Спасување.