Одбиена жалбата на Барселона – Нејмар од трибини ќе го гледа „Ел Класико“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Шпанија ја одби жалбата на Барселона и ја потврди суспензијата на Нејмар ќе трае три натпревари.

Бразилскиот репрезентативец поради суспензијата ќе го пропушти најголемото дерби на шпанскиот фудбал, дуелот помеѓу Реал и Барселона, кој в недела ќе се одигра во Мадрид.

Нејмар, на 8.април на натпреварот во Малага, беше исклучен поради два жолти картони. Поради црвениот картон тој е суспендиран на еден натпревар, а дополнители два натпревари суспензија доби бидејќи иронично му ракоплескаше на судијата додека го напушташе теренот.

Барселона тврдеше дека не може да се докаже дека реакцијата на Нејмар била усмерена кон судијата, но Комисијата за жалби при Фудбалскиот соуз на Шпанија ја одби жалбата и ја потврди суспензијата.

Екипата од „Ноу Камп“ поднесе жаба и до Судот за спортска арбитража.

Натпреварот Реал-Барселона ќе се одигра в недела, од 20:45 часот во Мадрид. Реал со натпревар помалку е лидер на табелата со 75 бодови, три повеќе од Барселона.