„Оданочете не повеќе!“ – американските милијардери бараат повисоки даноци на нивните богатства


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Група од 83 милијардери во отворено писмо побараа од владите трајно да ги покачат даноците на богатството. Велат дека во време кога ковид-19 го покорува светот, милијардери како нив имаат круцијална улога во добивањето на битката.

Дден супер -богат човек деновиве беше прилично искрен во интервју за радио BBC: Подобро сега да нè оданочат отколку сето ова глобално вриење да заврши со некоја револуција во која ќе ни ги земат сите пари.

„Ние не носиме болни на интензивна, не возиме амбулантни возила, не редиме рафтови во продавници ниту носиме храна од врата до врата. Но, затоа имаме пари. Многу пари. А тие пари ќе требаат во годините во кои светот ќе се оправува од кризата,“ велат во писмото милијардерите меѓу кои се наследничката на Дизни, Абигеил Дизни, основачот на Бен и Џери, Џери Гринфилд и други

Тие проценуваат дека актуелната криза ќе има последици можеби низ целата деценија која е пред нас и дека во тој период уште половина милијарда луѓе можат да бидат отерани во екстремна сиромаштија.

Многумина од нив периодов беа бучно галантни во врска со ублажувањето на кризата. Џез Безос на пример донираше 100 милиони долари. Но затоа кризата му донесе фрапантен пораст на вредноста на акциите па тие сто милиони се само 0,1 процент од неговото вкупно богатство.