Home Актуелно Од утре нема да има полициски час

Од утре нема да има полициски час

Според повеќе медиуми кои се повикуваат на владини извори, засега неформално, но во очекување да биде потврдено вечерва на прес-конференција од Владата, на денешната седница била донесена одлука од утре да се укине полицискиот час.

Според извори на ТВ21, одлука има и за рестораните и кафулињата кои треба да започнат со работа од четврток (28.05.2020)

Одлуките официјално ќе се дознаат во 19:00 часот кога и ќе биде прес конференцијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје

Претходно денеска заседаваше Комисијата за заразни болести која ги анализираше тековните состојби со ширењето на вирусот, а меѓу темите за расправа беа можностите за олабавување на мерките за отворање на угостителските објекти, на градинките и евентуалното намалување на полицискиот час.

Институтот за јавно здравје изминатото деноноќие регистрираше 14 оздравени пациент, 16 нови случаи на Ковид-19, како и тројца починати.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…