Home Актуелно Од СЗО тврдат дека се гледа крајот на пандемијата на Ковид-19

Од СЗО тврдат дека се гледа крајот на пандемијата на Ковид-19

„Генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата на Ковид – 19.

Тој ги повика земјите да истраат во борбата против вирусот од кој починаа повеќе од шест милиони луѓе.

„Сè уште не сме таму, но крајот е на повидок“, рече Тедрос на виртуелна прес-конференција.

СЗО објави дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 минатата недела бил најмал од март 2020 година.

Претставникот на СЗО, Марија Керхове, рече дека се уште се очекуваат бранови на Ковид-19, но дека светот има свои начини на борба, како што се вакцини и антивирусни лекови за спречување сериозни состојби кај пациентите.

Се намалува и бројот на заболени од мајмунски сипаници, но Тедрос повика на будност и продолжување на борбата против болеста.

„Како и со Ковид-19, ова не е момент за опуштање, мора да останеме будни“, рече Тедрос.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Зошто мачките повеќе ги сакаат жените

Мачките се мали и слатки суштества кои сакаат да се гушкаат и играат со своите сопственици…