Од професионализам во профитерство: Егзекуторот на Осама Бин Ладен ќе ги објави своите мемоари


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот американски специјалец од единицата Фоки, Роберт О’Нил кој тврди дека лично тој го ликвидирал Осама бин Ладен при операцијата во Аботабад во Пакистан во мај 2011, ќе ги објави своите мемоари, пренесе БТА.

Книгата на некогашниот маринец ќе се појави на пазарот на 25 април. Англискиот наслов гласи „The Operator”, а како издавач се наведува куќата „Скрајбнер“. Во неа ќе биде опишана целата негова кариера, сосе сите 400 специјални операции во кои учествувал.

О’Нил во 2014 изјави дека тој е војникот кој го убил некогашниот лидер на терористичката организација Ал Каеда. Властите ниту ги потврдија, ниту ги негираа тие наводи. О’Нил е добитник на бројни медали и признанија.

Еден друг поранешен специјалец, Метју Бисонет, кој исто така беше дел од операцијата во Аботабад, вo 2012, под псевдонимот Марк Овен, ja издаде книгата „Не така лесен ден”, во којашто ја прераскажува операцијата за ликвидација на Бин Ладен, но не го кажува името на оној кој го задал „решавачкиот удар“.