Home Актуелно Од понеделник во Грција ќе може да се влези без задолжителен тест

Од понеделник во Грција ќе може да се влези без задолжителен тест

Од понеделник во Грција се укинува мерката воведена 19 декември 2021 година за задолжителен ПЦР/рапид-тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници за влез во земјата, мерка што важи и за државјаните на Северна Македонија, МИА од Атина.

Министерот за здравство Танос Плеврис претпладнево рече дека за оние што имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција.

„Од понеделник 7 февруари влезот во земјата за оние што имаат активен европски сертификат ќе биде без задолжителен тест“, изјави Плеврис.

Последната министерска одлука од 24 јануари е во сила до понеделник во шест часот наутро и предвидуваше задолжителен негативен тест ПЦР или рапид-тест за сите патници, без разлика на националноста и начинот на влез во земјата и независно дали се вакцинирани или не.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…