Home Актуелно Од полноќ уште поскапи бензини, а поевтин дизел

Од полноќ уште поскапи бензини, а поевтин дизел

Од полноќ, бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот поевтинува за еден денар.

Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 95 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 97 денари за литар, додека новата цена на дизелот ќе биде 85 денари за литар.

За пола денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое од полноќ ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а се зголемува малопродажната цена на мазутот која ќе изнесува 54,963 ден/кг.
Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…