Од почетокот на војната членките на ЕУ ја помогнале Украина со 68 милијарди евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен од Прага апелираше да се продолжи секојдневната реална помош на Украина, која досега, како што кажа, членките на Европската Унија ја помогнале со вкупно 68 милијарди евра.

По разговорот со чешкиот претседател Петр Павел, Фон дер Лаен кажа дека Европската комисија утре ќе предложи закон за производство на муниција.

„Претседателот Павел се врати од Украина и кажа дека сега е најпотребна муниција“, кажа претседателката на Европската комисија.

Фон дер Лаен додаде дека во предлогот на новите прописи е содржана и клаузула за финансирање во износ од милијарда евра.

„Испораките на муницијата се од клучно значење за одбраната на Украина и евентуалната контраофанзива и враќањето територии. Разговаравме и за членството на Украина во ЕУ. Знаеме дека нема да оди едноставно, но спремни сме да ѝ помогнеме да ги надмине тешкотиите. Бидејќи во наш интерес е да се шири зоната на стабилноста и безбедноста која ја претставува ЕУ“, кажа чешкиот претседател.

За време на кратката посета на претседателката на ЕК на Прага, според чешкиот претседател, разговарано е и за односите со Кина.

„Јасно е дека тука станува збор за ривалство. Кина и демократските земји не ги делат истите вредности. Кина има други стратегиски цели и на нашите односи треба да гледаме и од тој агол“, кажа Павел.