60 коњски сили повеќе за 60 долари месечно?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што врви времето, а новите електрични возила сè повеќе се потпираат на софтвер, производителите од автомобилската индустрија се обидуваат да истиснат повеќе пари од своите клиенти преку функции што можат да се „отклучат“.

На пример, „Mercedes“ објави опција за надградба на перформансите достапна за клиентите на електричните модели „EQE“ и „EQS “преку ажурирања „OTA (over-the-air)“, се разбира со претплата.

Не е дека „Mercedes“ всушност менува или додава некои компоненти за да го направи автомобилот побрз. Сè е направено со код и софтвер. Потребна ви е само интернет конекција за да пристапите до продавницата на германскиот бренд.

Овој тренд веројатно ќе стане уште попопуларен во автомобилската индустрија, бидејќи веќе видовме слични понуди во електрични возила од други производители, како што „BMW“нуди загреани седишта за месечна претплата.

Ажурирањето е достапно за купувачите на моделите „EQE 350 4MATIC“, „EQS 450 4MATIC“ седан и „SUV“ во Северна Америка. Ја зголемува моќноста на возилото до 60 КС, додека автомобилот забрзува од 0-100 км/ч за секунда побрзо.

Уште повеќе, „Mercedes-Benz“ тврди дека платените подобрувања нема да влијаат на опсегот на возилото. Конкретно, соодветните модели „EQE“ ќе имаат зголемена моќност од 288 КС на 348 КС.

Што се однесува до цените, за „EQE“, купувачите кои сакаат да ја искористат дополнителната моќност ќе треба да платат 60 долари за дополнителни 60 коњски сили, врз основа на месечна претплата, 600 долари за годишна претплата или еднократна претплата од 1.950 долари, што овозможува надградба на моќноста во целиот животен век на возилото.

Сопствениците на „EQS“ ќе мора да ја испразнат својата банкарска сметка уште повеќе бидејќи плаќаат 90 долари месечно, 900 долари годишно или 2.950 долари за да ја отклучат опцијата доживотно.