Advertisements
Актуелно

Од ноќеска на полноќ нови, повисоки цени на горивата

Со одлука донесена од страна на Регулаторната комисија за енергетика, објавена на нивната интернет страна, се дефинираа новите цени на дериватите. Од ноќеска по полноќ бензините поскапуваат за 1,5 денари, а дизелот за 1 денар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50ден/лит,  а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар.  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денари по литар.

Advertisements
To Top