Home Актуелно Од наредната година нема да мора да поднесуваме годишна даночна пријава

Од наредната година нема да мора да поднесуваме годишна даночна пријава

Од следната година граѓаните ќе бидат ослободени од обврската самите да поднесуваат годишна даночна пријава до шалтерите на Управата за јавни приходи. Владата со одлука го промени на начинот за пресметка на персоналецот и за поднесување на пријавите, пишува Фокус.

Според новите прописи, УЈП ќе има обврска да ги собере сите податоци за остварените приходи на физичкото лице и во електронска форма да му ги достави на увид за дополнение или исправка.

Секој граѓанин ќе има лозинка преку која ќе може да влезе во пријавата доставена од УЈП и да направи проверка на своите податоци. Ако забележи дека во пријавата не се внесени некои од остварените приходи истите ќе може сам да ги додаде.

Се проценува дека годишно даночната пријава ја поднесуваат над 300 илјади граѓани.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…