Дејан Тодевски со импресивен подвиг – Мусала, Вихрен и Митикас искачени во еден ден


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Планот на Дејан Тодевски (член на планинарското друштво Македон од Скопје) да искачи три балкански највисоки врвови повисоки од 2800 метри во еден ден, беше реализирана вчера, на 2 август и тоа со време 19 часа и 23 минути.

Искачени беа трите највисоки врвови на балканот, Вихрен 2914м на Пирин, Мусала 2925м – Рила, Бугарија и Митикас 2918м на планината Олимп во Грција. Реализиран е голем потфат имајќи ги во предвид околностите и меѓусебната раздалеченост на овие врвови.

На социјалните мрежи накратко Дејан објави дека после 19 часа ја комплетирал успешно мисијата. Останува да почекаме на детали околу реализацијата на овој интересен регионален предизвик, кој сигурно ќе повлече интерес и кај други спортисти кои се занимаваат со планинско трчање.

Извор: skimacedonia.mk