„Бомба“: Мбапе го извести Монако – сака трансфер!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вчера Нејмар официјално ја извести Барселона дека сака да го напушти клубот, а денес еминентниот „Екип“ известува дека истото го направил и Килијан Мбапе од Монако.

„Екип“ пренесува дека Мбапе имал средба со раководството на Монако и официјално побарал да му биде дозволено да го напушти клубот ова лето.

Сеуште не е познато каде 18-годишниот напаѓач ќе ја продолжи кариерата, бидејќи за неговиот потпис силен интерес покажуваат многу европски гиганти.

Медиумите шпекулираат дека во пол-позиција за неговиот потпис е Реал Мадрид, но сега Барселона влегла сериозно во трката.

„Марка“ минатиот месец пишуваше дека Реал се согласил да плати 180 милиони евра за неговиот потпис, но таа информација не беше потврдена.

Сега медиумите сметаат дека следната дестинација на Мбапе може да биде Барселона, со оглед на фактот што Французинот побара трансфер веднаш по заминувањето на Нејмар.