Славни

Од 2015 нема издадено албум, а според Forbes е најплатен музичар на деценијата

Покрај својот стандарден список на најплатени музички sвезди за годината, престижното списание Forbes го објави и списокот на најплатени музичари на деценијата која се заокружува.

На врвот се најде музичарот кој го издал својот последен албум во 2015 година и не настапувал на концерти од крајот на милениумот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Dre (@drdre) on

Станува збор за легендата на хип-хопот, д-р Дре. Се проценува дека заработил неверојатни 950 милиони долари во последните десет години. Најголем дел од неговите приходи доаѓаат од 20 проценти од акциите во „Битс“, компанија за слушалки што Apple ја купил во 2014 година за 3 милијарди долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift) on

Тејлор Свифт се најде на второто место со 825 милиони долари, по што следува Бијонсе, која заработила 685 милиони долари. За разлика од д-р Дре, двете пејачки издадоа неколку албуми во последната деценија и имаа повеќе турнеи и концерти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

Четврти на листата на најпалтени за последната децениаја е групата U2, благодарение во голема мерка на нивната турнеја во 2011 година, кога заработија 675 милиони долари. На петтото место е Диди со 605 милиони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diddy (@diddy) on

Следуваат Елтон Џон (565 милиони), Пол Мекартни (535 милиони), Кети Пери (530 милиони) и Лејди Гага (500 милиони).

Advertisements
To Top