Славни

Кристиано Роналдо му ја исполни големата желба на малиот Али

За време на неговиот престој во Саудиска Арабија, славниот фудбалски ас Кристиано Роналдо му ја исполни големата желба на еден негов верен и искрен обожавател.

Роналдо се запозна со малиот Али Амир, момче кое нема нозе, но е голем обожавател на фудбалот и на ММА. Бидејќи Роналдо е неговиот омилен фудбалер, момчето било воодушевено што го запозна, му ја предаде топката и побрза во прегратката на Роналдо, кој потоа позираше со момчето.

Познатиот ММА борец Кабиб Нурмагомедов се воодушевил од гестот, споделувајќи ја снимката на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on

„Затоа си најдобар на светот. Благодарам, Кристиано, што го израдував мојот брат Али“, напиша тој.

Advertisements
To Top