Актуелно

Обвинетите од случајот Диво Насеље префрлени во затворот во Охрид

Министерот за правда Валдет Џафери за Радио Слободна Европа потврди дека четворица обвинети во предметот Диво Насеље се префрлени во охидскиот затвор, но не ги прецизира причините за трансферот. Тој ги негира информациите во дел од медиумите дека обвинетите се обиделе да избегаат, па поради тоа се префрлени.

Тој вели дека обвинителството поднесува барање по кое се одлучува кој обвинет каде ќе биде сместен.

Предходно, медиумите јавија дека е зголемено полициското обезбедување на охридскиот затвор и полициската станица. На улиците во тој дел од градот не е дозволено паркирање и задржување на возила, а објектите ги обезбедуваат полициски службеници под полна оперативна опрема.

Од СВР Охрид упатуваат какви било информации да се бараат во Министерството за правда, со појаснување дека затворот во Охрид потпаѓа во надлежност на оваа институција, односно дека станува збор за активности во нивна ингеренција.

Судскиот процес се води против 29 лица дел од таканаречената Кумановска група кои се обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај 2015 во Дива населба во Куманово. Во акцијата загинаа 8 македонски полицајци.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top