Home Актуелно Облачна и врнежлива среда

Облачна и врнежлива среда

Последниот ноемвриски ден во Македонија носи облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Локално врнежите ќе бидат пообилни над 20 л/м2, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела ќе има локални врнежи од дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…