Home Актуелно Облачен вторник со слаб снег на планините

Облачен вторник со слаб снег на планините

Денес, 7 мај, времето во земјава ќе биде променливо облачно и свежо со засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. Во југозападните делови претпладне ќе има услови за слаб дожд, а на повисоките планини за слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од еден до 10 степени, а дневната температура од шест од 18 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и свежо со засилен северозападен ветер. Дневната температура ќе достигне до 14 степени.

Утре утрото ќе биде студено, на места со негативни утрински температури, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време. Локални врнежи ќе има и во четврток и петок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…