Облачен и повремено дождлив четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, четврток, 8 октомври, времето во Македонија претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намалува.

Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во Пелагонија, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 17 степени, а дневната од 13 до 21 степен.

Во Скопје и околината времето претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне ќе престанат, а облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната до 18 Целсиуови степени. Маврово 13, Охрид 17, Битола 18, Крива Паланка 13, Берово 14, Кавадарци 18, Дојран 21.

Од утре ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.