Home Шоубизнис Објавено каде ќе заврши наследството од Кирк Даглас проценето на 60 милиони долари

Објавено каде ќе заврши наследството од Кирк Даглас проценето на 60 милиони долари

На почетокот од овој месец почина последниот великан од златната ера на Холивуд, славниот актер Кирк Даглас. Тој зад себе остави наследство кое се проценува на вредност од над 60 милиони долари.

Американските медиуми објавија дека во својот тестамент култниот актер нема ништо оставено на синовите, меѓу кои најпознат е актерот Мајкл Даглас.

Сите парични средства кои ги имал Кирк ги оставил за хуманитарни цели. Преку својата фондација тој средствата ги поделил на универзитети, детски болници и театарот кој го носи неговото име.

Познатиот актер, последната ѕвезда од златната ера на Холивуд, почина на 5 февруари, речиси 2 месеци откако го прослави својот 103 роденден.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…