Критична грешка во Bluetooth за Android отвора простор за кибер-напади на корисниците


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Грешка во Bluetooth поврзувањето за Android им отвора простор на кибер-напаѓачите од блиско растојание да преземат контрола над туѓи уреди, и така да вршат злоупотреби со приватни податоци и материјали.

Корисничката интеракција во овие напади не игра никаква улога. Пропустот е откриен неодамна. Грешката е најголема закана за верзиите „Pie“ (9.0) и „Oreo“ (8.0, 8.1), кои се наоѓаат на околу две третини од Android уредите.

Ранливоста, односно аномалијата е присутна само кога е вклучено Bluetooth поврзувањето, при што жртвата воопшто и не е свесна за нападот.

Безбедносниот пропуст го погодува и најновиот Android 10, а можеби и постари верзии од 8.0, но нив безбедносните стручњаци сè уште не ги тестирале.