Објавен официјалниот извештај за смртта на Марадона – еве од што почина фудбалската легенда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот Диего Армандо Марадона почина вчера на 60-годишна, а денес се објавени причините за неговата смрт.

Обдукцијата врз телото на Марадона ја направиле петмина патолози. Потврдено дека причина за смртта е откажувањето на неговото срце додека спиел и тоа предизвикало белодробен едем.

За неколку дена ќе биде објавен и конечниот извештај од аутопсијата и тогаш ќе се знае какви супстанци имал Марадона во неговото тело.

По смртта медицинската екипа се обидела да го реанимира, но обидите биле неуспешени, немало никакви знаци на живот.