Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Улиците на Атина и Солун беа поплавени од обилните врнежи од дожд, поради што грчките пожарникарски служби добиле бројни повици за помош.
Во атинското предградие Неа Филаделфија, ученици го напуштиле училиште така што морале да прават „мост“ од училишните клупи за да излезат надвор, додека сообраќајот бил блокиран на сообраќајниците, кога водата пораснала до опасно ниво.
Автопатот Атина-Ламија, као и булеварите Александрас и Кифишијас во градот биле блокирани.
Министерството за цивилна заштита апелираше до граѓаните да не излегуваат на улица, освен во случај на крајна нужда.
Вчера во Атина бројни делови на градот останаа без струја.
Локалните медиуми од Солун јавуваат дека за само неколку часа наврнале повеќе од 25 сантиметри дожд, што е еднакво на половина од количеството дожд кое паднало во септември во тој град.
Бранови удирале во шеталиштето покрај морето и ја поплавиле авенијата Никис.