Обид за притисок против Млади за Македонија и кампањата „Бојкотирам”


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уништен е штандот поставен од Млади за Македонија со кампањата „Бојкотирам“ во Охрид. Кампањата која зема се поголем замав на социјалните мрежи, со цел да се зачува уставното име на Македонија, и да не се дозволи обезличување и обесчестување како што во една прилика кажа премиерот Заев, зема се поголем замав.

„Денеска во раните утрински часови, штандот што го поставивме во Охрид за кампањата “Бојкотирам” беше тотално уништен. Тоа претставува лукав и нечесен обид, од страна на злосторниците, да нè спречат во постигнувањето на нашата цел, која е зачувување на уставното име на Република Македонија, нашиот македонски идентитет и јазик. Нашата организација е непартиски определена и невладина организација што се самофинансира преку средствата на нашите членови. За нас, уништувањето на нашиот штанд значи голема финансиска пречка против нашата цел. Обидот е исто така наменет за да нè исплаши, преку директна закана против нашиот физички интегритет.

Злосторот е директна порака пратена до нас младите да престанеме со нашите дејствија. Денеска е штандот, утре нашиот физички интегритет. Но ние веќе не се плашиме. Нема да дозволиме исти такви случаеви да се повторат и ќе ги уништиме до корен сличните антидемократски иницијативи од страна на противниците на кампањата. Злосторниците сеуште не се идентификувани, но Млади за Македонија ќе ги превземат сите можни мерки кои би овозможиле идентификување на сторителите и нивното соодветно судско казнување. Тие настани нас уште повеќе нè мотивираат да ја постигнеме нашата цел.

Битката продолжува – Никогаш Северна, секогаш Македонија“, се вели во објавата на Млади за Македонија.